3 јајца
2 филџана шеќер
3 филџани брашно
1 1/4 филџан масло
1 лажица цимет
1 лажиче сода бикарбона
2 филџана ситно сечкани праски
Во длабок сад измешајте ги брашното, циметот и содата бикарбона.
Во друг сад измешајте ги јајцата, шеќерот и маслото. Вака подготвена мешавина додадете ја на првата и измешајте ги. Полека додадете ги праските и благо промешајте.
Смесата нанесете ја во 16 хартиени корпички наредени во длабнатините на калап за мафини. Печете ги мафините околу 20 минути на 200 степени.