Брз колач од јаболки

Ако сакате јаболки и уживате да приготвувате вкусни колачи кои не одземаат многу време, тогаш овој брз рецепт е за вас. Освен што брзо се подготвува, рецептот е толку едноставен што нема да ви биде потребен ниту миксер.
Вкусно и едноставно: Брз колач од јаболки
Потребни намирници
За тесто:
200 грама брашно
180 грама шеќер
200 грама гриз
1 прашок за прециво
За фил и прелив:
1 килограм исчистени јаболки
2 ванилин шеќер
1 лажичка цимет
100 милилитри масло
250 милилитри млеко
1 јајце
За декорација:
3 шлаг во прав
Млеко
Цимет


Начин на подготовка
Прашокот за пециво измешајте го со брашното и додадете го во голем сад. Потоа додадете шеќер и гриз, и измешајте.
Во посебен сад измешајте ги јаболките со ванилиниот шеќер и циметот. За прелив, измешајте ги маслото, млекото и јајцето.
Калапот за печење со димензија 21х36 центиметри измачкајте го со масло, а потоа посипете брашно на краевите. Во калапот со лажица распоредете една третина од сувите состојки. Продолжете да редите една третина од исечканите јаболки. Половината од преостанатите суви состојки распоредете ги по јаболките. Половината од преостанатите исечкани јаболки распоредете ги во калапот за печење.
Остатокот од сувите состојки распоредете ги со лажица. Преостанатите јаболки распоредете ги врз сувите состојки. Површината прелијте ја со преливот.
Колачот печете го во загреана рерна на 180 целзиусови степени, околу еден час.
Кога колачот ќе се излади, ставете го шлагот, а врз него може да ставите и цимет.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.