Припремете едноставен и вкусен десерт за вас и вашите најмили, совршен во комбинација со шолја кафе или чај.
Потребни состојки:
– 280 гр. брашно
– 2 лажици мак
– ½ ќесичка прашок за пециво
– прстофат сол
– 125 гр. путер, омекнат на собна температура
– 200 гр. шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 3 јајца
– 3 лимонови кори
– 125 мл. лимонов сок
– 75 мл. млеко
За глазура:
– 130 гр. шеќер во прав
– 30 мл. лимонов сок
Начин на припрема:
1. Просејте го брашното и во него додајте го макот, прашокот за пециво и солта.
2. Во посебен сад изматете ги јајцата со шеќерот и путерот и додајте ги сокот од лимон, кората од лимон и млекото.
3. Во садот додајте ги и сувите состојки и добро промешајте.
4. Намастете ја тавата за печење и истурете ја смесата.
5. Печете на 180 Целзиусови степени околу 40 минути.
6. За глазура, помешајте го лимоновиот сок со шеќерот во прав и со него премачкајте го изладениот колач.