Брз појадок или вечера којшто постојано ќе го подготвувате: Меки, солени крофнички со сирење кои се топат во уста

Доколку немате идеја што да подготвите, тогаш вистинско време е да ги пробате овие солени крофни.
Иако е малку потешко да ги замислиме крофните солени поради тоа што сме навикнати да ги јадеме во блага варијанта, тие можат да бидат совршен појадок или вечера.

Состојки:

  • 1 килограм брашно;
  • 3 јајца;
  • 450 грама фета сирење;
  • 200 милилитри масло за јадење;
  • 180 милилитри јогурт;
  • 100 милилитри млеко;
  • 100 милилитри вода;
  • 1 ќесичка прашок за печиво;
  • 1 лажичка сол;
  • 1 лажичка шеќер;
  • 1 лажичка сув квасец.

Подготовка:
Во една чинија прво измешајте ги течните состојки, јајцата, јогуртот, маслото за јадење, млекото и водата, а потоа додадете шеќер, сол, прашок за печиво и сирење.
Потоа додадете го брашното и замесете тесто. Оставете го тестото да нарасне, а потоа на работна површина ставете малку брашно и од тестото направете кругови.
Со чаша вадете кругови, ставете го сирењето во нив, а потоа пржете ги крофните од двете страни додека не заруменат.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.