Интересна варијанта за појадок со намирници кои веќе ги имате во фрижидерот. Рецептот е брз и едноставен и се прави за неколку минути.
Потребни состојки:
4 парчиња леб
3 јајца
2 Млади кромитчиња
Зеленчук по желба: пиперка, домат, печурки
Дробено сиренце
Сецкана шунка или сланина
Подготовка:
Извадете ја срединката од лебот и сочувајте ја на страна.
Сите состојки измешајте ги во посебен сад.
Загрејте ја тавата со масло и наредете ги лепчињата. Почекајте минутка и ставете од смесата со јајца во дупките по средината на сите лепчиња.
Потоа затворете одозгора со средината од лепчето. Превртете и од другата страна за да се потпечат. Можете да изрендате и сиренце одозгора.