Кога Heineken прават реклама, ја прават за да привлечат голема публика и секогаш успеваат во тоа.
Овој пат направија уште една брилијантна реклама во салон за мебел, каде ставиле скриена камера и две столчиња од фудбалски стадион. Додека девојките ги одминуваат столчињата без воопшто да се заинтересираат, продавачот им објаснува на мажите дека доколку ја убедат нивната подобра половина да ги купат столчињата, ќе добијат две карти гратис за финалето на Лигата на шампионите во Лондон.
Се разбира дека секој од мажите е заинтересиран за понудата, па тргнуваат во убедување на своите девојки и жени. Само што не смеат да ги спомнат картите. Големото прашање е дали некој ќе успее во убедувањето?
Што ќе направевте вие да се најдевте во истата ситуација?
Кога Heineken прават реклама, ја прават за да привлечат голема публика и секогаш успеваат во тоа.