Белгискиот авиопревозник “Брисел ерлајнс” од 17 јуни годинава ќе лета до Охрид. На официјалната веб-страница на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Охрид е промовиран како еден од оние градови што никогаш не се забораваат. Дестинацијата ја гледаат како вистински дијамант кој сѐ уште не е откриен од масовниот туризам. Охрид го доживуваат како можност за поинакво искуство каде ќе можат да се најдат рурални предели со уникатни пејсажи, прошетки по магичното езеро, плажи, бесконечно калдрмирани улици, а пред сè, место со наследство под заштита на УНЕСКО.
Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за туризам истакнува дека бројот на туристи од Белгија континуирано расте. Како што вели тој од јануари до ноември минатата година бројот на белгиски туристи е зголемен за 33 насто во однос на 2017 година, а бројот на ноќевања за 25 насто.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.