Британија користи фиктивни и неисправни декларации за царини

Европската Комисија бара од Велика Британија 2,7 милијарди евра само за царини.
ЕК на Британија и упати ,, образложено мислење” , што е втор чекор на повреда на правото во Европската Унија , бидејќи земјата не уплатила 2,7 милијарди евра царина на увезена стока.
Комисијата поведе постапка против Британија поради повреда на правото на ЕУ , од каде уште во февруари упатиле службена опомена. Постапката е покрената откако канцеларијата на ЕУ за борба против измами , утврдила дека увозниците од Велика Британија извегнале да платат големи изнси за царина , користејќи фиктивни и неисправни декларации.
Во пристаништата во Британија се правеле големи измами со намалување на вредноста на производите во периодот од 2011 до 2017 година утврдила Комисијата на ЕУ. Увозните царини се дел од сопствените приходи на сметката на ЕУ.
Сега Британија има два месеца за да ги уплати утврдените средства на сметката на ЕУ , а во спротивно следува покренување судска постапка пред судот на ЕУ, што всушност е третиот чекор од постапката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.