Британија ја напушта ЕУ на 12 април, на полноќ

Според досегашниот развој на состојбите, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор на 12 април, на полноќ, порачуваат од Европската комисија. Во Брисел повторуваат дека ЕУ жали за одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата, но ја почитува. Се додава дека „брегзит“ никогаш не бил избор на ЕУ, ниту пак, „брегзит“ без договор е сценарио што го поддржува Унијата.


„Според моменталната состојба, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор на 12 април на полноќ, на премин кон 13 април. Општото влијание на сценариото „без договор“ не може да се ублажи, но подготовките во државите членки продолжуваат за да бидат подготвени за таквото сценарио“, се наведува во соопштението од Комисијата.
Според таквото сценарио, од моментот на напуштање на Унијата, веднаш ќе стапат во сила мерките за царинска контрола и наплата на ДДВ за производите коишто доаѓаат од Велика Британија. Истовремено, ќе се воведат и нови царински обрасци за компаниите коишто тргуваат со Обединетото Кралство, информираше комесарот за економски и финансиски прашања на ЕУ, Пјер Московици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.