Британскиот музеј открива факти за историска геј љубов

Британскиот музеј неодамна објави предмети, фотографии и песни со што пробуваат да докажат дека и во далечното минато постоеле врски помеѓу личности од истиот пол, иако биле тајни.
Тие велат дека многу од доказите се всушност скриени во најпознатите уметнички дела и дека иако човечките желби не оставаат археолошки траги, деталното разгледување на историја јасно зборува за постоењето на геј тенденции.
Иако до сега е шпекулирано за многу познати личности од историјата дека биле геј, како Шекспир на пример, еве што понуди Британскиот музеј како докази за истото.
Следното дело на дрвена плоча е старо јапонско дело кое покажува сексуален чин помеѓу лица од два различни пола на прв поглед. Но, доколку убаво погледнете ќе забележите дека фотографијата покажува сексуален лин на двајца мажи, едниот од нив преправен во жена и облечен во театарски костум.

Во пар се зачувани и пронајдени две бисти. Едната на империјаторот Хадријан, а другата на неговиот сакан Антинос. Приказната вели дека штом Антинос се удавил во Нил 130 години пред нашата ера, најверојатно извршил самоубиство, императорот го прогласил за бог и наредил неговата фотографија да ја има низ целото кралство. Тој плачел бескрајно врз ковчегот на Антинос и потоа западнал во длабока депресија. Овој пример е јавен пример на историска геј врска.

Поетесата Сафо зад себе оставила толку интензивна еротска поезија што викторијанците по нејзиниот народ, сите жени љубители на жени ги нарекле „lesbos“.
Британските научници велат дека најстариот пример од историјата е песна од 1800 години пред нашата ера, во која стар еѓипјанин го фали изгледот на друг млад еѓипјанин. По откривање на оваа песна било сменето мислењето дека сите слики од двајца мажи во прегратка од египетската историја претставуваат слики од двајца браќа. На сомневањата за еѓипјаните бил додаден и папирус од 950 години пред нашата ера на кој има претставено бог кој пробува да стигне до својот пенис со неговата уста. Британскиот музеј неодамна објави предмети, фотографии и песни со што пробуваат да докажат дека и во далечното минато

Пронајдете не на следниве мрежи: