Британски министер: Во голема војна како таа во Украина британската армија ќе биде уништена за шест месеци

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер Карнс, денеска изјави дека во случај на голема војна британската војска ќе биде уништена за шест месеци, најдоцна до една година, објави Скај Њуз.

Карнс изјави дека сегашната големина на британската армија значи дека нејзините сили би биле онеспособени во рок од 12 месеци доколку дојде до конфликт од размери слични на оној во Украина, пишува Политико.

Како што Карнс рече на еден собир во Лондон, во војна која нема да биде само ограничена интервенција, туку ќе има размери на војна слична на конфликтот во Украина, британската армија како дел од една поширока меѓународна коалиција, според сегашната стапка на руски загуби, ќе биде уништена за шест месеци до една година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.