Руски стратешки бомбардер најверојатно бил соборен од украинските воздухопловни сили, јави ДПА, повикувајќи се на оценка на британското Министерство за одбрана објавена на социјалната платформа „Икс“.
Министерството соопшти дека тоа е „прв случај во кој стратешки борбен авион бил соборен од украински системи за противвоздушна одбрана“.
„Многу е веројатно Русија досега да изгубила сто воени авиони“, соопшти Министерството.Москва ја започна својата офанзива во Украина во февруари 2022 година.
Руските воздухопловни сили вчера загубија еден од своите хиперсонични тешки бомбардери Тупољев Ту-22М3. Руското Министерство за одбрана соопшти дека авионот се урнал поради технички проблеми, додека Украина тврди дека авионот бил соборен.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.