Бркотници со сатар во ТЦ “Лептокарија“ во Скопје (ВИДЕО)

Филмска сцена можевте да гледате денес доколку случајно се затекневте во трговскиот ценар “Лептокарија“ во Скопје. Како што неофицијално дознаваме, маж и жена вработени во кинеска продавница за храна, со сатар бркале друг маж.
На видеото, објавено за социјалните мрежи, се гледа како случајни минувачи и гости од околните кафулиња безуспешно се обидуваат да ги смират лутиот маж и жената. Покрај тоа што замавнуваа со сатарот тие по момчето фрлаат и со разни предмети кои им се наоѓаат на патот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK