Брнабиќ: Утре ни пристигнуваат уште 40.000 вакцини, со нив ќе се вакцинираат македонските лекари

Во Србија веќе утре пристигнува дополнителен контингент со вакцини на „Фајзер“, нешто повеќе од 40.000, изјави премиерката Ана Брнабиќ за ТВ Прва. Таа дополни дека српскиот претседател Александар Вучиќ утрово тргнал кон граничниот премин Табановце, каде ќе му предаде еден контингент со вакцини на македонскиот премиер Зоран Заев.
„ Мислам дека солидарноста е најважна, Србија и нашиот народ се познати по солидарноста. Веќе утре ни стигнува дополнителен контингент со вакцини на „Фајзер“ – нешто над 40.000“ рече Брнабиќ и додаде дека со овие вакцини ќе бидат вакцинирани македонските здравствени работници.
Таа нагласи дека вакцините тргнале утрово околу 4 часот кон граничниот премин со Македонија.
Брнабиќ вели дека не е реално да ѝ донираат вакцини на Хрватска пред се зашто се членки на ЕУ, но и дека тие не ни побарале.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.