Грчките власти пронашле тело на 4-годишно момче за време на операцијата за пребарување и спасување крај југоисточниот брег на егејскиот остров Икарија, соопштија официјални лица, пренесува „Катимерини“
Операцијата беше започната по извештаите дека се превртил брод со група мигранти на карпест дел од крајбрежјето, а сведоци велат дека некои не успеале да стигнат до брегот.
Вкупно 45 мигранти беа спасени и однесени во локален здравствен центар како мерка на претпазливост, соопштија властите.
Во потрагата учествуваа патролен брод на крајбрежната стража, патролен брод, приватен брод и хеликоптер на грчките воздухопловни сили. Не беше веднаш јасно дали се водат за исчезнати уште лица.



