Брокула – куп здравје, но и нечистотии
Брокулата важи за еден од најздравите зеленчуци, но исто така важи и за прилично валкан зеленчук, поради нејзиниот облик. Затоа, мора да бидете екстремно внималтелно при нејзината подготовка.
Кога се споменува брокулата, здравствените продобивки секогаш доаѓаат во пакет, бидејќи тоа е зеленчук кој содржи фолна киселина, магнезиум, калциум, како и цинк. Припаѓа на групата најкорисни видови зеленчук кој се готви многу брзо, добро се комбинира со друга храна и е широко користен во диети и здравата исхрана.
Сепак, пред да започнете било што со брокула, мора добро да ја исчистите. Таа често се консумира и свежа, во салата или како гарнир, па затоа мора да биде детално исчистена. Дури и да се вари, исто така треба да биде добро измиена.
За да го направите ова, прво мора под проточна вода добро да ја измиете главата од брокулата. Можете исто така да користите четка за оваа намена, што ќе ви помогне уште подобро да ја измиете нечистотијата од зеленчукот.
Откако добро ќе ја измиете брокулата, исечете ја дршката што е можно поблиску до цветовите. Потоа поделете ги на одделни цветови и ако сакате, на секое од нив можете да му исечете дршката, ако не ви се допаѓа нејзиниот вкус.
Друга опција за миење брокула е да се подели на цветови, да се стави во цедалка и темелно да се измие под млаз ладна вода.