Бронза за Стојковски на СП во мау таи

Кик Боксинг Федерацијата на Македонија, имаше успешна презентација на Петтото Светско првенство во Мау Таи, кое од 11. до 25. се одржуваше во Банкок, Тајланд.Александар Стојковски, во категоријата +91 килограм, постигна забележителен успех освојувајќи го бронзениот медал.Во борбата за влез во финале со украинскиот натпреварувач Александар Бозукин Стојковски се здоби со повреда на десната нога и борбата беше прекината од страна на докторот.Инаку, во  македонската делегација беа претседателката  Александра Неделковска, судијата Драган Атанасовски и Александар Стојковски кој имаше двојна улога , посетување на семинар за тренери и натпреварувач.Стојковски кој е  тренер на Македонската кик бокс репрезентација се здоби со тренерска лиценца  од мау таи спортот.Атанасовски се здобил со  судиска лиценца  и својот квалитет како делител на правдата го потврди со тоа што   судеше на финалните борби на светското првенство.Бордот на директори на Светската Мау Таи Федерација ја избраа Александра Неделковска  за свој советник за Европа околу промовирањето и ширењето на мау таи спортот, а исто така Неделковска се здоби  и со лиценца за претставник за мау таи спортот  за  Република Македонија .На Петтото Светско првенство учество земаа учество 52 земји учеснички со 724 натпреварувачи.
МакфаксКик Боксинг Федерацијата на Македонија, имаше успешна презентација на Петтото Светско првенство во Мау Таи, кое од 11.

Пронајдете не на следниве мрежи: