четврток, 12 ноември 2026
Најново

Бројката на починати лица, како последица од коронавирусот во светот надминува 900,000

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според новите податоци на интернет страницата Worldometers, бројот на лица кои досега починале како последица од Ковид-19 во светот надмина 900.000.

Од вкупно 27.743.743 милиони луѓе со потврден коронавирусот, досега починале 901.936 пациенти. Бројот, пак, на оздравени пациенти од почетокот на пандемијата е 19.834.769 лица.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На прво место во светот според бројот на заразени лица се САД со потврдени 6.514.376 милиони лица, а земјата има и најмногу смртни случаи (194.037) како последица од Ковид-19.

Втора на листата е Индија со регистрирани 4.370.128 милиони случаи, додека трет е Бразил каде коронавирусот досега е потврден кај 4.165.124 милиони лица.

Бразилците, пак се втори според бројот на смртни случаи (127.517), а трети во категоријата се Индијците со 73.923 починати пациенти.

Поврзани вести