четврток, 12 ноември 2026
Најново

Бројот на жртви во нападот во Грац се искачи на 11, прогласена е тридневна жалост!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Универзитетската болница во Грац потврди дека едно возрасно лице им подлегнало на тешките повреди здобиени при масовното пукање што се случи утрово во гимназијата БОРГ, со што бројот на загинати се искачи на 11 лица.

Меѓу жртвите се и ученици и наставници. Според официјалните информации, нападот започнал рано утринава, кога 21-годишен маж отворил оган врз присутните, при што усмртил девет лица, потоа се самоубил, а најмалку 28 лица се повредени, дел од нив со сериозни повреди.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Австриските власти прогласија тридневна национална жалост, а знамињата се спуштени на половина копје. Наставата во училиштата во регионот е прекината, а на местото на настанот се присутни силни полициски и медицински екипи.

Истражните органи сè уште работат на расветлување на мотивите за нападот. Семејствата на жртвите добиваат психолошка поддршка, а јавноста е повикана на воздржаност и почит кон трагично загинатите.

Поврзани вести