среда, 11 ноември 2026
Најново

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на повеќе од 1.400

Бројот на жртви од катастрофалните земјотреси во Венецуела се искачи на најмалку 1.430, објави денеска претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, пренесе CNN.

Родригез изјави дека најмалку 3.238 лица се повредени, додека 3.142 семејства останале без своите домови, објавија медиумите.

Пулс24.мк - 14 години

Тој додаде дека по двата главни земјотреси што ја погодија Венецуела во средата, земјата била погодена од најмалку 430 последователни потреси.

Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела ноќта помеѓу среда и четврток.

Американскиот геолошки завод објави дека станува збор за редок феномен познат како „дублет“, односно двоен земјотрес.

По овие два земјотреса, регистрирани се најмалку 138 последователни потреси.

Многумина се водат како исчезнати или сè уште се заробени под урнатините, додека спасувачките екипи бараат преживеани дури и во текот на ноќта.

Многу жители останаа без покрив над главата откако нивните домови беа срамнети со земја во пристанишниот град Ла Гваира, главниот град Каракас и околните области.

Пронајдете не на следниве мрежи: