Бројот на луѓе со богатство над 10 милиони долари се зголеми за 4,4 отсто во 2024 година и надмина 2,34 милиони луѓе, се вели во годишниот извештај на лондонската консултантска куќа „Најт Френк“.
Како што е соопштено, бројот на мултимилионери во Северна Америка се зголемил за 5,2 отсто на годишно ниво во истиот период.
Во САД моментално живеат речиси 40 отсто од сите мултимилионери во светот, што е двојно повеќе од Кина.



