Во Домот за стари лица во Пеќ приведени се три лица поради сомнение дека извршиле физичко насилство врз постара штитеничка – соопшти косовската полиција.

Фадиљ Гаши, портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, изјави дека нападот се случил на 29 октомври, а медиумите на албански јазик објавија дека се уапсени три лица. Меѓу нив и управителот на овој старечки дом.


