Брутално искрено отворено писмо од една свекрва до нејзината снаа

„Сум видела многу совети за свекрви во кои се говори за тоа што смеат, а што не, само за да не ѝ пречат на својата снаа. Се трудам. Но, доколку навистина сакаш да се согласуваме, еве ти неколку совети кои и ти исто така би требала да ги следиш“, е почетокот на искреното писмо од една свекрва упатено до нејзината снаа кое во продолжение ви го пренесуваме во целост.
Ако не сметаш дека сум добредојдена во секој момент тогаш немој ни да ми го кажуваш тоа, па после да се жалиш на Фејсбук дека постојано висам во твојата куќа и го пикам носот таму каде што не му е место. Ако не мислиш „секогаш“, тогаш води сметка пред тоа да го кажеш. Извини ако не сум разбрала дека мора однапред да закажам термин за да ги видам своите внуци. Ако тоа нè одржува во мир, тогаш тоа и ќе го правам. Разбирам дека моето доаѓање без најава е непристојно, но од некоја причина ти никогаш не ми се јавуваш на телефон, па тогаш…


Јави се на проклетиот мобилен! Не сум телефонски оператор кој се обидува да подметне мобилна тарифа која не ти треба. Мајка сум му на твојот сопруг, баба на твоите деца и најмалку што можеш да направиш е да се јавиш на телефон со цел да ми кажеш: „Извини, рацете ми се полни со работа и сега не можам да разговарам“.
Ги обожавам внуците, но не сум 24/7 на располагање. Иако не можеби не ти изгледа така, и јас имам свој живот. Ако сакаш да ги чувам децата, ќе го направам тоа со одушевување. Но, мораш навреме да ме замолиш за да го организирам својот распоред. Ако очекуваш да го почитувам твоето време и простор, го очекувам истото за возврат. Ти ветувам дека ќе одговорам кога ќе ми се јавиш.
Однесувај се како возрасна личност и немој да ме озборуваш зад грб. Сигурна сум дека моето дете, а мојот син е моето дете, не сака да биде помеѓу нас две, баш како што ни ти не би сакала. Ако имаш проблем со мене, однесувај се како голема девојка и разговарај со мене за тоа.
Пасивната агресија е само агресија и е непристојна. Немој да зборуваш како ми е светната куќата и одма потоа да додадеш дека сепак ти повеќе сакаш да поминуваш време со децата, а не со метлата во рака. Ти имаш мали деца, а моите се возрасни. Своето сум го направила. Разбери го тоа. Ако мојата куќа е средена, тоа не значи дека автоматски те критикувам поради нередот во твојата.
Немој да ми купуваш облека и украси, ако се разликуваат од она што веќе го имам. На подарениот коњ не му гледам во заби, но јасно е дека купуваме од различни каталози. Бонот за подарок или нешто што децата го направиле мене ми е доволно. Ако не си забележала, имам модерна кујна и навистина не знам како да се снајдам со тие рустични декоративни предмети што ми ги подаруваш.
Ја одлучувам како ќе ги трошам своите пари. Ако сакам да им подарам дарови на внуците, тоа е затоа што можам и затоа што сакам. Од тебе не очекувам да ми враќаш денар за денар.
Сакам мојот син да биде среќен и да има среќен брак, но имам една вест за тебе – јас сум му мајка. Секогаш ќе му бидам мајка. Ако вас ве раздели нешто, јас до крајот на својот живот ќе бидам тука за него. Еден ден и твоите деца ќе пораснат, па ќе го сфатиш тоа.

53632275 – happy woman and adult daughter with pregnancy test at home interior

Дали сфати колку сум сјајна мајка? Толку сум сјајна што сум го одгледала мажот за кој си одлучила да се омажиш и да имаш деца со него. Можеби не сум во тренд, не читам книги за воспитување на деца и можеби не сум им дорасната на твоите стандарди, но изгледа дека сепак сум направила нешто проклето добро. Не мораш да скокаш секогаш кога ќе отворам уста. Извини ако давам совети кои не си ги барала, но од мене зборува искуството низ годините. Можеби некогаш и би требало да ме послушаш.
Знам дека не ми веруваш, но не се обидувам да те контролирам или да те осудувам. Не. Океј, можеби малку те осудувам. Но, тоа е посилно од мене, иако се трудам. Само сакам син ми и внуците да имаат среќен и добар живот. Тој е твој сопруг, но исто така е и нечиј син, брат, вујко, внук и татко. Мораш да го делиш, без разлика дали ти се допаѓа тоа или не. Биди дарежлива во тоа, затоа што јас сум. Ти звучи сето ова изводливо? Се надевам дека да. Еве, ќе ги чувам децата преку викендот за вие двајца да можете да имате вечер само за вас. Само вети ми дека нема цела вечер да ме озборуваш мене. Може?“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.