четврток, 12 ноември 2026
Најново

БТА: Белгија планира да испрати затвореници во Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Белгиските власти го прошируваат списокот на земји каде што би можеле да префрлат дел од затворениците поради пренатрупаност на затворите, јавуваат медиумите, повикувајќи се на Бугарска телеграфска агенција.

По прелиминарните разговори со Албанија и Косово, на списокот се додадени и Северна Македонија, Естонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Литванија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според официјални податоци, повеќе од 600 затвореници во Белгија спијат на под поради недостиг на простор. Вкупно има околу 13.000 затвореници, иако капацитетот е 11.000, од кои 4.400 се лица со нерегуларен престој.

Белгиската влада разгледува договори за трансфер само ако се обезбедат пристојни услови и почитување на човековите права. Во извештаите се посочуваат проблеми со условите во некои од земјите — од недостиг на основни услови, до греење и ограничено време надвор од ќелиите.

Министерката за азил и миграција, Анлин Ван Босујт, изјави во интервју за Еуроњуз во Брисел дека Белгија разгледува „секоја можна опција“, вклучително и изнајмување затворски капацитети во странство за странски државјани осудени за кривични дела.

Таа неодамна ги посетила Албанија и Косово за да ги испита можностите за ваква соработка, како дел од пошироките антимиграциски мерки на Белгија.

Поврзани вести