Бугарите од Македонија бараат одземање на бугарските пасоши

Стотици потписи веќе собра онлајн-петиција на Фејсбук со која Бугари, членови на социјалната група „Бугари од Македонија“ бараат одземање на бугарското државјанство на лица од Македонија кои ширеле омраза кон Бугарија.

Здружението ги повикува сите владини и невладини организации во Македонија да се приклучат.

Во коментарите се пишува дека треба и јавно да се објави список на сите лица од Македонија кои имаат бугарски пасоши, посебно ако меѓу нив има и политичари.
„Ако им се одземат бугарските пасоши на Македонците кои живеат и работат во ЕУ, бидете сигурни дека тие самите ќе ја принудат својата Власт да го смени тонот кон Бугарија, и многу бргу ќе ги вметнат Бугарите во Уставот!“, гласи еден од коментарите на петицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.