Бугарија ќе може да влезе во еврозоната од 1 јануари, иако владата во Софија поднесе оставка.
Бугарија ќе може да влезе во еврозоната од 1 јануари, иако владата во Софија поднесе оставка по неколкунеделните масовни демонстрации од страна на граѓаните кои се спротивставија на широко распространетата корупција во владиниот систем.
Ова денес го изјави претставник на Европската комисија кој на новинарско прашање дали падот на владата ќе го спречи воведувањето на еврото во Бугарија, посочи дека властите во Софија ги исполниле сите услови за воведување на еврото како средство за плаќање во земјата.
Медиумите во Европската Унија проценија дека падот на владата во Бугарија, потресена од долга политичка криза, се должи на вклученоста на десетици илјади млади луѓе во движењето „Генерација З“.
Вака ќе изгледа евро-монетата во Бугарија
Ова, меѓу другото, го истакна францускиот весник „Монд“, а многу медиуми објавија дека бугарската влада, обвинета за системска корупција, не можела да избегне оставка, бидејќи само синоќа во Софија се собрале сто педесет илјади демонстранти.
Бриселскиот портал „Еурактив“ објави дека бугарските претставници се обиделе да ја убедат Европската комисија дека владината антикорупциска комисија сега е способна да дејствува, но Брисел тоа не го прифатил.
ЕК ја суспендираше исплатата на 200 милиони евра од фондовите на ЕУ за Софија
Европската комисија неодамна ја суспендираше исплатата на 200 милиони евра од фондовите на ЕУ на Софија, објаснувајќи дека нема докази за независноста на владината антикорупциска комисија во Бугарија.
Комисијата во Брисел оцени дека дури и усвојувањето на буџетот не е спроведено како што требало, со што им се даде право на граѓаните, синдикатите и опозицијата, кои негодуваа што во таква постапка властите виделе закана од злоупотреба.
Во 2019 година, Европската Унија го откажа заштитниот механизам за соработка со Бугарија и Романија, воведен откако двете земји се приклучија на ЕУ во 2007 година, бидејќи тогаш беше заклучено дека во тие две земји мора да се формираат и да почнат да работат тела за борба против организираниот криминал и корупцијата, како и реформа на судството.
Демонстрации и протести избувнаа и во Романија вчера по објавувањето на видео материјали за широко распространета корупција во романското судство, а 140 обвинители и судии, како и политички лидери, побараа овие наоди да бидат целосно истражени.
The post БУГАРИЈА ГО ВОВЕДУВА ЕВРОТО И ПОКРАЈ ПАДОТ НА ВЛАДАТА ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Објави Европската комисија appeared first on Во Центар.



