Бугарија на никаков начин нема да учествува во испраќање на војска во Украина

Бугарија на никаков начин нема да учествува со воен персонал на територијата на Украина. Ова го соопштија од Министерството за одбран на државата.

Само Народното собрание може да донесе одлука за учество на бугарски војници во операции надвор од територијата на државата. Ваков предлог никогаш не бил на дневен ред. Сите иницијативи поврзани со обуката на украинскиот воен персонал се спроведуваат надвор од територијата на Украина, додаваат од Министерството.

Министерството за одбрана потсетува на одлуката на Народното собрание од 9 декември минатата година.

„Имаме поставена задача и можеме да спроведеме обука на украински лица за борбени медицински лица – до 60 лица за една година. Планирано е 4 групи од 15 лица повторно да се обучуваат во Бугарија, а не во Украина стои во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи: