Република Бугарија понудила помош за справување со пожарите во Македонија, особено во Крива Паланка каде ситуацијата од минута во минута станува посериозна, меѓутоа од Македонија не е одговорено дали дозволуваме да помогнат во гаснење на пожарот.
Од ДЗС не се активираат во гаснење на пожарите во Крива Паланка, Дојран и останати пожари, не одговараат ниту на барањата и повиците на градоначалниците на општините кои се најпогодени од пожарите и каде ситуацијата е алармантна.
Од ДЗС веќе неколку денови не одговараат ниту на прашањата на новинарите во врска со пожарите.