четврток, 12 ноември 2026
Најново

Бугарскиот МНР: Австрија нема да го смени ставот за преговорите на Македонија со ЕУ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бугарскиот министер за надворешни работи лично разговараше со својот австриски колега во врска со процесот на преговори и почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Георгиев доби лични уверувања дека по ова прашање нема да има промена во ставот на Австрија во врска со преговарачката рамка на Скопјe за почеток на преговорите за членство.

Ова го соопшти лично министерот за надворешни работи Георги Георгиев за БНТ. На прашањето дали Бугарија „ќе биде ослободена“ во замена за тоа што самата ќе ја „ослободи“ РСМ за преговори за членство во ЕУ, министерот Георгиев коментираше: „Таквата теза не е само шпекулација, туку е груба и тешка лага, за која во други земји веројатно би можела да се бара поинаков вид одговорност. Бидејќи тврдењето дека вашата земја разменила нешто во замена за нешто друго, и тоа на штета на националниот интерес, е исклучително сериозно.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Не можам да одговорам на прашањето дали РСМ бара поддршка од Австрија за да го заобиколи францускиот предлог – тие веројатно бараат таква поддршка, друго прашање е дали ќе ја најдат. Нашата улога во овој случај е да обезбедиме ЕУ да продолжи да се придржува до европскиот консензус. Разговарав со мојот австриски колега и ве уверувам дека нема отстапување, ниту еден сантиметар, од она што треба да го направи РСМ – да го промени својот Устав и да ги исполни поставените критериуми. Какви изјави шири другата страна во своја корист е посебна тема, додаде Георгиев.

Поврзани вести