Булгур со зеленчук

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
200 гр. булгур
100 гр. бејби спанаќ
2 црвени пиперки
2 чешниња лук
½ лажичка лук во прав
сок од половина лимон
4 лажици маслиново масло
¼ лажичка кари
сол

ПОДГОТОВКА НА РЕЦЕПТОТ
Во тенџере на оган со умерена температура ставете 300 мл. вода. Во неа додадете малку сол, кари, 2 лажици маслиново масло, лук во прав, ситно сечкан лук и булгур.
Кога булгурот ќе проврие намалете ја температурата и оставете да се крчка на тивко околу 12 минути односно додека омекне. По потреба додадете уште вода.
Тргнете го тенџерето од оган, покријте го со капак и оставаете го да стои околу 10 минути. Во меѓувреме припремете го зеленчукот.
Исечете ги пиперките на долгнавести парчиња и испржете ги на висока температура на преостанатото масло. Додека се пржат додадете малку сол и постојано мешајте. Кога пиперките делумно ќе омекнат во нив додадете го спанаќот и добро промешајте.
Штом спанаќот малку ќе омекне тргнете ја тавата од оган и во неа додадете го сварениот булгур кој претходно со помош на вилушка ќе го растресете за да се раздвојат зрната.
Готовиот булгур со зеленчук прелијте го со сок од половина лимон и промешајте за се убаво да се соедини. Послужете го додека е топол со парче пржено месо или риба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.