Вкусни бургери со плескавици од пилешко месо – ручек кој се подготвува брзо.
Потребни состојки:
- 500 гр пилешки филети
- 5 парчиња млад кромид
- мајчина душица
- 1 јајце
- 2 лажици лебни трошки
- 1 лажица сув зачин од билки
- масло за пржење
Подготовка:
Измелете го пилешкото месо (или побарајте да ви го сомелат во месарницата од каде што обично купувате месо), додадете го сушениот зачин, ситно сечканиот млад кромид, мајчината душица, јајцето и лебните трошки.
Измешајте сè добро и оставете го да отстои околу еден час.
Потоа обликувајте плескавици и пржете ги на масло од секоја страна пет минути.
Послужете ги печените плескавици во бургер лепчиња со свежа салата.
На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.