Бургер погачици со путер

Состојки
350 грама фино бело брашно
50 грама сенаменско брашно
250 милилитри млака вода
5 лажици топло млеко
2 лажици шеќер
2 мали лажички сол
1 големо јајце
1 инстант квасец
20 милилитри маслиново масло
3-4 лажици мешавина од семки од тиква, сончоглед, сусам, лен…
1 жолчка од јајце
7-8 лажици растопен путер

Започнете го овој рецепт со подготовка на квасецот.
Во длабок сад измешајте ги водата и млекото, додадете 1 мала лажичка шеќер и на крај квасецот.
Оставете го садот на страна 5-6 минути.
Ставете го брашното во друг поголем, длабок сад.
Додадете ги јајцето, солта, шеќерот и мешавината од вода, млеко и квасец. Добро промешајте и замесете тесто. Кога смесата ќе биде хомогена додадете 3-4 лажици од растопениот путер и повторно сето тоа убаво размесете го 10-тина минути. Немојте да додавате многу брашно доколку тестото е лепливо затоа што е подобро да биде воздушесто и лепливо со што и лепчињата на крај ќе бидат меки и сочни.
Префлете го замесеното тесто во друг голем длабок сад премачкан со путер, прекријте го со најлонска фолија или платнена кујнска крпа и оставете го на топло да одстои најмалку 2 часа.
После 2 часа тестото треба да биде најмалку двојно нараснато.
Размесете го повторно околу 5 минути на работна површина и развлечете го во цилиндрична форма.
Поделете го на 8 еднакви делови и од секој од нив направете топчеста форма со пречник од 10-тина сантиметри. Нежно притиснете ги со дланката за да ја добиете формата на лепчињата.
Така подготвените теста за лепчиња распоредете ги во сад за печење обложен со хартија за печење, прекријте ги со платнена кујнска крпа и оставете ги најмалку 1 час да одстојат. Оставете доволно место помеѓу нив за да може повторно да нараснат.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Со готварска четка премачкајте ги тестата за лепчиња со жолчката од јајце, претходно изматена со 2-3 капки маслиново масло, а потоа посипете врз секое од нив од мешавината од семки.
Печете 20-тина минути на средна висина на рерната или додека лепчињата не бидат убаво испечени.
Кога ќе бидат лепчињата печени извадете ги на решетка и веднач додека се врели премачкајте ги со растопен путер.
Оставете ги малку да се изладат и уживајте во нивниот прекрасен вкус.
На здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.