Состојки
15-20 ајварски пиперки
200 гр сирење
150 гр урда
200мл млеко
150 мл масло
4 јајца
100 гр брашно
Пиперките измијте ги и испечете ги.
Ставете ги нека постојат во најлонска кеса,а потоа излупете ги.
Секоја пиперка извалкајте ја во брашно па редете ги во намастено тавче.
Ставете еден ред како подлога.
Врз пиперките попрскајте го филот од урда и сирење.Попрскајте магдонос.
Повторете ја постапката со црвените пиперки.
Најдобро е да користите ајварски пиперки ( капија )
Тие се дебели ( месести по народски )па стојат јако и не се распаѓаат во печењето.
Во друг сад помешајте ги јајцата со сол.Со маталка рачно изматете ги убаво.
Додајте им млеко.
Така спремната смеса прелејте ја врз пиперките во тавата и благо растресете ја да може течноста да навлезе насекаде во тавата.
Печеме во загреана рерна на 170 степени.
Готово е кога ќе порумени.Не треба многу печење, доволно е околу 20 минути.
Така спремниот бурек со црвени пиперки,пределете го на четвртинки и служете го.
Нас ни беше одличен, а вие ќе ми кажете кога ќе пробате.
На здравје