Важна вест за граѓаните кои живеат во центарот на Скопје: Доколку сакате да го користите возилото утре, дислоцирајте го денес

Поради посетата на Папата Франциск, во Скопје се воведува посебен сообраќаен режим и промени во движењето на граѓаните.
Поради специјалниот режим на движење, граѓаните што живеат во централното градско подрачје, во зоната „Голем ринг“, во вторник нема да може да ги користат своите возила, доколку сакаат да ги користат возилата ќе мора истите денеска да ги извадат од рестриктивната зона.
-Апелираме, граѓаните коишто живееат во централното градско подрачје (во зоните А1, А3, А4, А5, А06, А8, Б2, Б3, Б6 и Б7) почнувајќи од понеделник, 06.05.2019 година по 16:00 часот, своите возила да ги дислоцираат и истите да ги паркираат во непосредна близина на Градско Собрание, зона Ц80 и Ц81 или зона Ц33 (под Железничка станица) и јавните паркиралишта ЗОИЛ и Тутунски комбинат, велат од Град Скопје.


Граѓаните кои имаат потреба од своите возила на ден 07.05.2019 година, ќе биде потребно истите да ги дислоцираат надвор од рестриктивната зона на 06.05.2019 година, во спротивно возилата нема да може да направат излез од рестриктивната зоната за време на посебниот сообраќаен режим.
Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Градски паркинг-Скопје ќе бидат бесплатни за користење почнувајќи од 06.05.2019 година (понеделник) по 16:00 часот.
Катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ во вторник 07.05.2019 година нема да бидат во употреба, односно ќе бидат затворени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.