Важни совети за родителите на бебиња или мали деца, зајакнете им го имунитетот!

Погрижете се да се наспие убаво
Важноста на квалитетниот одмор за оптимален имунолошки систем е голема. Водете грижа вашето бебе да се наспие убаво и тоа да биде во ист временски период секој ден.

Витамин Ц
Витамин Ц го зајакнува имунитетот на децата. Доколку мајките имаат доволно витамин Ц, тогаш ќе има и нивното бебе. Симптомите на недостаток на витамин Ц се умор, слабост во мускулите, болки во мускулите, болки во зглобовите, осип на кожата. Доколку го храните бебето со формула, погрижете се да внесува 40 милиграми витамин Ц дневно.

Цинк
Цинкот помага во одржување на силен имунолошки систем и зајакнување на имунолошкиот систем на детето. Што се однесува на бебињата, децата на возраст помеѓу седум месеци и три години треба да земаат 3 милиграми цинк дневно, а оваа бројка се зголемува како детето расте.

Одржувајте ги хидрирани
За бебето, консумирањето на млеко е важно за зајакнување на имунитетот, додека за постарите деца е важна водата. Со доволно консумирање на вода во текот на денот вашето бебе ќе има подобар дигестивен систем, подобра циркулација и телесна температура. Водата помага во регулирање на функцијата на бубрезите за да го исчистите телото од токсини.

Доење
Доколку имате настинка или грип, може да го доите вашето бебе бидејќи вирусот не се пренесува преку мајчиното млеко. Тоа содржи антитела и други имунолошки фактори кои го штитат детето од грип.

Здрава исхрана
Исхраната со овошје и зеленчук е добар начин за зајакнување на имунитетот на вашето бебе.

Мијте ги рацете пред да го допрете бебето
Чувајте го вашето бебе подалеку од болни луѓе и погрижете се да не го допира никој пред да ги измие рацете. Дури и доколку ви кажат дека „малку ги гребе грлото“ или дека „поминало најстрашното“, кажете им да дојдат во посета некој друг ден. Може да ги миете рацете на вашето бебе со детски сапун и вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.