Важно известување до родителите: Што да направите ако вашето дете не го запишат во училиште поради непримена вакцина?

Здружението „Здравје со игла не влегува“ и Фејсбук групата со исто име, во последниов период се труди да помогне против присилна вакцинација и борбата за право на избор.
Тие споделија важно известување до сите родители, во врска со запишување на нивните деца во училиште.
-Доколку сте се обиделе да го запишете вашето дете во прво одделение, и од страна на училиштето „усно“ сте одбиени, односно не ви ги примиле документите, поради непримена вакцина, Вие имате право да поднесете претставка до Државниот просветен инспекторат, Народниот правобранител, како и Комисијата за заштита од дискриминација, против самото училиште.


Доколку се решите да поднесете Претставка, откако ќе ја пополните, потребно е да ги испечатите во два примероци, каде што едниот примерок ќе остане за Вас, а другиот примерок ќе го испратите преку пошта со препорачана пратка, и со Повратница.
Адресите на институциите кој што треба да се испратат претставките се напишани во самите претставки.
Преставка до Државниот просветен инспекторат
https://justpaste.it/4r54s
Претставка до Народниот правобранител
https://justpaste.it/7q554
Претставка до Комисијата за заштита од дискриминација
https://justpaste.it/5phvf
Исто така, имате можност да ги доставите истите претставки лично во архивите на соодветните институции, со тоа што, доколку се решите истите да ги доставите во архивите, наместо преку пошта, потребно е двата примероци од претставката да ја однесете во архивата на соодветната институција, каде што на еден примерок ќе ви стават Приемен печат, односно архивски број, и ќе ви го вратат, а другиот примерок ќе остане за нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.