Дали некогаш сте се прашувале што мажите најмногу ги привлекува кај жените и што прво забележуваат кај нив?
Одреден вид на шминка – иако поголем дел од мажите тврдат дека сакаат кога жената не е нашминкана затоа што тогаш делува поприродно, според едно истражување, жените кои се нашминкани побрзо би пронашле маж покрај себе од другите.
Но, тоа се однесува само на одреден вид на шминка. Жените кои носат „потемна“ шминка помалку го привлекуваат вниманието кај мажите. На мажите всушност попривлечна им е неутралната и природна шминка.
Одредена величина на колкови – тука всушност не станува збор за привлечност поврзана со изгледот туку со здравјето и добрата плодност. Жените кои имаат поголеми колкови и струк оставаат впечаток дека можат лесно да имаат деца затоа што го откриваат нивото на естроген во женското тело.
Носење црвена боја – црвената боја е боја на страст, поради тоа не е чудно што ги привлекува мажите. Жените кои носат црвена боја на мажите им се секси и привлечни. Додека според едно истражување спроведено на Универзитетот Рочестер, мажите ќе потрошат повеќе пари на љубовен состанок доколку жената носи нешто црвено на себе.
Доброта и грижливост – доброто однесување кон другите луѓе на мажите им е многу важно. Тоа им покажува дека жените добро одговараат на потребите и желбите на другите луѓе, што веднаш ги прави попривлечни. Исто така им покажува дека имаат квалитети кои би ги направиле добри мајки.
Висок тоналитет на гласот – додека на жените им е привлечно кога мажите имаат длабок глас, мажите се целосна спротивност. Високиот тоналитет на гласот на мажите им покажува дека таа жена е многу женствена и во добра форма.