Колку пати сте појадувале пржени лепчиња, но не ви излегле баш најдобро? За да бидат вкусни, потребно е да бидат крцкави на рабовите, но меки во средината, не треба да бидат премногу масни или да загорат.
Некогаш се случува и пократко да ги оставите да се пржат, па ќе останат живи. Трикот е во тоа да знаете како да го исечете лебот и да ја приготвите смесата.
Професионалните готвачи откриваат тајна како да направите совршени пржени лепчиња:
- Кога го сечете лебот, мора да водите грижа парчињата да не бидат тенки, туку со дебелина од околу 1,5 центиметар. Задолжително е лебот да биде бајат, инаку нема да излезат добри.
- Никако немојте да ги пржите на путер, туку користете масло. Правилната мерка за смесата е 1/4 шолја млеко и едно јајце на 2 парчиња леб.
- Ако сакате да го збогатите вкусот на пржените лепчиња, додајте зачини како што се црн бибер, ким или пармезан, а ако ги правите слатки, циметот или ванилиниот шеќер се задолжителни.