“Вакцина” – нов хит на Дац и Александар

Тоа се зборовите од најновиот хит на распеаното дуо, составено од актерот Драган Спасов Дац и кантавторот Александар Митевски наречена “Вакцина”. На роденденот на “Корона Чао” тие направија нов кавер на светски познатата “Марина” од Роко Граната и како духовита химна за масовна вакцинација со позитивна енергија. Тие пејат заедно со нивните пријатели музичари и специјалниот гостин Денис Јанкуловски Космонаутко, а песната веќе стана хит на социјалните мрежи и се слуша на радио станиците.

Велат дека “песната е составена од пораки на viber, a видеото е снимено со телефонот на Дац” спонтано додека сите биле собрани за снимање. Ова е подарок за сите нивни фанови од Македонија и регионот, а тие на шега велат дека не е исклучено повторно некој државник од регионот да ја сподели и оваа песна, како што тоа го направи Бојко Борисов со “Корона Чао”.

Нивната мисија на ширење љубов и позитивна енергија и секако поддршка на здравствените работници во ова време-невреме продолжува, а тие се сигурни дека сега кога ја имаат “вакцината”, тоа ќе им оди побрзо. Уживајте во новиот хит кој нема да ве остави рамнодушни и сигурно ќе ве насмее.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.