Вакцинирани вкупно 712.338 граѓани, 51 процент над 40 години имаат примено една доза

Министерството за здравство вечерва соопшти дека заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.530 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.296 граѓани.
Вакцинацијата, како што велат од МЗ, се одвива непречено на сите пуктови низ државата, а во тек е и теренската вакцинација. Досега вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани.
– Со последните бројки, 51 процент од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26 проценти од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, информира Министерството за здравство.
Граѓаните се вакцинираат без закажан термин во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, а децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.