Ракометниот клуб Вардар официјално потврди дека го засили својот состав со ново звучно име – полскиот голман Милош Валах.
Станува збор за 24-годишен чувар на мрежата, кој со црвено-црните потпишал договор на две години, со важност од почетокот на следната сезона, откако македонскиот клуб плати обештетување за да го „ослободи“ од неговиот сегашен тим, полскиот првак Кјелце. Валах дел од својата кариера помина на позајмица во Вибжеже Гдањск, каде играше две сезони. Сега, во Вардар, ќе им се приклучи на претходно ангажираните Адам, Бекри Корданија, Клемен Ферлин и Сандро Местиќ во борбата за нови трофеи.
Новото засилување на „црвено-црните“ веќе ја покажа својата класа на последниот натпревар во ЕХФ Лигата на шампионите помеѓу Кјелце и Фуксе Берлин, кога блесна во првото полувреме со девет одбрани, помагајќи му на својот тим да обезбеди предност од два гола. Валах е второто засилување за наредниот период, а клубот најави дека наскоро ќе следат уште нови имиња кои ќе ја зацврстат екипата во борбата за домашните и европските предизвици.
The post Валах доаѓа во Вардар appeared first on 365.mk.