Ванилици

500 г брашно
250 г свинска маст
100 г шеќер
2 жолчки
1 јајце
1 прашок за печиво
мармалад по вкус
150 г шеќер во прав
2 кесички ванилин шеќер

Маста измешајте ја со шеќерот. Додадете ги јајцата, брашното и прашокот за печиво. Замесете тесто и со сукалка развлечете кора. Со помала чаша вадете тркалезни форми и наредете ги во тава прекриена со хартија. Печете 20-тина минути на 200 степени.
По две форми соединувајте со мармаладот, па свалкајте ги ванилиците во шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.