Ванковска: Како може во ист ден да се ракуваш со Папата па да разговараш со зелениот Зеленски?

Професорката Билјана Ванковска, со реакција за вчерашните активности на претседателката Гордана Силјановска Давкова.

„Јас нешто не разбирам: како може во еден ист ден да се ракуваш со Папата кој го повикува Зеленски да прифати примирје и да спаси што може да спаси од Украина, а потоа да разговараш со зелениот Зеленски кој бара оружје и пари небаре е способен да ја победи Русија?! Ова мене, простете, ми е малку шизофрена надворешна политика. Т.е. доказ дека Македонија нема своја надворешна политика и оди по умот на САД и на зелените. Ние изгубивме идентитет и име заради НАТО, другарчето на Гога ја изгуби цела држава за тоа исто НАТО и за американските интереси. Два пиони си направиле разговор – во пресрет на големиот празник“, напиша таа на фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: