четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вардар го освои ракометниот Куп на Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Екипата на Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 31-27 (17-14) во финалето на ракометниот Куп на Македонија, што се одржа во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

„Црвено-црните“ заслужено го освоија трофејот откако целосно го надиграа ривалот и постојано имаа водство во финалето.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Вардарци го вратија трофејот во своите витрини по една година пауза, откако лани Алкалоид беше освојувач на Купот. Вардар 1961 на овој начин стигна до 17-та титулата во ова натпреварување.

Кај Вардар со по шест гола најефикасни беа Јагуриновски и Крсманчиќ додека Радивојевиќ беше најефикасен играч на натпреварот со осум гола. (МИА)

Поврзани вести