Ако може да им се верува на добро упатените фан страни на Вардар, тогаш тимот од Скопје добива големо засилување пред крајот на преодниот рок.
Бобан Николов, повремениот репрезентативец на Македонија, играчот кој во минатото го носеше со голема успешност дресот на Вардар и беше еден од главните ,,фаци” за тимот да обезбеди историско влегување во групната фаза од Лигата на Европа, сега се враќа да му помогне на тимот во борбата за Европа.
Секако, ова засилување и те како ќе го подигне квалитетот на најтрофејниот фудбалски клуб во нашата држава.