Вардар донесе уште еден играч од Африка

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжи со засилувањата пред вториот дел од сезоната, па така денеска го промовираше 31-годишниот Фаустин Сенгор.

Сенгор игра на стоперската позиција, а последниот настап го имал преклани во редовите на турскиот клуб Гиресунспор.

Сенегалецот веќе има искуство и во Првата македонска фудбалска лига каде што играше за Шкупи под водство на актуелниот стратег на Вардар, Гоце Седлоски.

„Црвено-црните“ претходно се засилија со Мато, Пинтер, Јанкулов, Маневски, Цикарски, Тодоровски, Спахиу, Талески, Талевски и Матиќ.

Вардар по 18 одиграни кола во домашното првенство се наоѓа на претпоследното место со 13 освоени бодови.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.