четврток, 12 ноември 2026
Најново

Една држава подготвена да испрати војници во Украина! По Британците се огласи и „северниот тигар“ – Сакаат да им се докажат на Американците

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шведска не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина како дел од мировните сили по завршувањето на војната, изјави министерката за надворешни работи Марија Малмер Стенергард.

Таа ја даде изјавата откако британскиот премиер Кир Стармер објави дека е подготвен да испрати британски војници во Украина за да го зачува мирот, обидувајќи се да им покаже на САД дека европските земји мора да играат улога во преговорите за завршување на војната.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Прво, мораме да преговараме за праведен и одржлив мир кој ќе ги почитува меѓународното право и Украина, а пред сè гарантира Русија едноставно да не се повлече, повторно да се засили и за само неколку години да ја нападне Украина или некоја друга земја –  рече Стенергард.

„Штом ќе постигнеме таков мир, мораме да се погрижиме тој да може да се одржи, а потоа нашата влада не исклучува ништо“, додаде таа.

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во Саудиска Арабија пред најавените разговори со руски претставници за ставање крај на војната во Украина.

Поврзани вести