Вардар носен од фантастичните навивачи го доби големотo дерби со Пелистер

Поранешниот европски шампион Вардар славеше против актуелниот македонски првак со 24-20 во ракометната Суперлига и се врати во трката за титулата, но ќе мора да чека кикс на екипата од Битола.

За првиот гол беа потребни дури 120 секунди, кога Лазревски му донесе предност на Вардар, а истата „црвено-црните“ ја одржуваа во текот на целото прво полувреме, иако во финишот имаа водство и од два гола (12-10).

Вардар повторно поведе со два гола разлика (17-15) во вториот дел, но потоа следеше добра игра на Пелистер кој направи пресврт и поведе со 20-19 во 49. минута од натпреварот.

„Црвено-црните“ го засилија темпото во завршница од средбата, па на пет минути пред крајот стигнаа до предност од три гола (23-20), по што постигнаа уште еден гол до крајот на мечот за славје од 24-20.

Вардар со оваа победа се врати во трка за титулата, па по осум одиграни кола има 21 бод, додека Пелистер сè уште е лидер со 23 бодови.

Фото: sport1.mk


Пронајдете не на следниве мрежи: