Во недела на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе се игра дербито помеѓу Вардар и Пелистер во рамките од второто коло од македонското првенство.
Од редовите на Вардар по состанокот со МВР и ФФМ денеска објавија важни информации за овој дуел.
На денот на натпреварот(недела, 18.08.2024) влезовите на стадионот ќе бидат отворени во 18:00ч.
Југозападниот влез на стадионот ќе биде наменет за членовите на н.г. ,,Комити Запад”,
Југоисточниот дел на стадионот ќе биде наменет за сите останати посетители
Службениот влез под североисточниот дел на Арената, ќе биде наменет за медиумските екипи
Се молат сите посетители на натпреварот да дојдат на арената навремено со цел да се избегне метеж при безбедносната проверка, како и при проверката на билетите.
Внесување на тврди предмети(запалки, лименки, шишиња, монети, пиротехнички средства, алкохол, оружје итн.) ќе биде строго забрането.
Во под трибинскиот простор на јужната, односно западната трибина, ќе бидат поставени штандови за продажба на безалкохолни пијалоци, кои ќе бидат достапни во текот на целиот натпревар
ВАЖНА НАПОМЕНА: Дваесет минути по почетокот на натпреварот, влезовите на стадионите ќе бидат затворени. Секој посетител кој ќе го напушти стадионот, нема да му биде дозволено одново да присуствува на трибините.
【ПРОДАЖБА НА БИЛЕТИ/ЧЛЕНСКИ】
Билети за натпреварот, како и членски карти ќе се продаваат на локациите:
Во петок(16.08.2024) во паркот ,,Горан Стефановски” во Дебар Маало (Центар), во временски период од 19:00-22:00ч.
Во сабота(17.08.2024) пред југозападниот влез на Арената, во временски период од 18:00-21:00ч.
Во недела(18.08.2024) пред југозападниот, односно југоисточниот влез на Арената, со почеток од 16:00ч.
Цената на билетите изнесува:
Со членска карта: 100 ден
Без членска карта: 200 ден.
Цената на членската карта изнесува:
500 денари за лица до 16 години
1000 денари за лица од 16-64 години
600 денари за лица над 64 години
Ги молиме сите посетители да се придржуваат до наведените правила!