Вариво со наут и блитва

Состојки
2 моркова
45 мл. масло
на вкус сол и бибер
1 кромид
1 лажичка ким семки
1,5 лажичка семки од коријандер
200 гр. блитва
1 лимон
400 гр. наут
75 мл. вода
70 гр. густ јогурт

Припрема
– Морковот излупете го, исечете на поголеми парчиња, измешајте со масло, сол и бибер, ставете да се потпечи во рерната на 220 степени околу 20 мин.
– На останатото масло ставете да се пржи исецканиот кромид, по краткото пржење додадете ги семките од ким и коријандер. Промешајте, го додавате морковот, пак кратко се заедно да се пржи, потоа додадете го исцедениот наут, промешајте, исто така пржете се заедно околу 1-2 минутки. Најпосле додавате дел по дел од блитвата – пробкувајте, потоа залијте со водата. Нека крчка на тивко. Готово е кога сосот е доволно густ. Тргнете, додадете малку од јогуртот кој сте го разматиле со истискан сок од лимонот. Размешајте, а при служењето во секој тањир додадете по малку од јогуртот, домелете по малку повторно од биберот.
Одличен рецепт за вариво, јас можам секој ден да го јадам и нема да ми досади.
Напомена- Доколку не сакате да печите на горештиниве од морковот, тогаш можете да го спремите на во тавка на рингла како што се спрема глазираниот морков.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.